ПРОЛЕТНИ УЧИЛНИЦИ

ОУ „Рампо Левката“

Najproletna ucilnica - OU Rampo LevkataВо ОУ „Рампо Левката“ пристигна убавица облечена во зелено руво, кога по ѕидовите летаа рој пчелички, пеперутки скокаа од цвет на цвет, на прозорците, ете ги ластовичките се бркаа со пчеличките и бубамарите. На вратите од училниците никнуваа разгранети дрвја со првите ливчиња, на кои слетуваа распеани птици, а од компјутерите “никнуваа” првите цветови.

{AG}396/rampo{/AG}

Тaка изгледаа училниците на конкурсот за пролетно уредување за денот на екологијата, за чие разубавување се погрижија вредните детски раце, максимално искористувајќи ја фантазијата и емоциите кои ги предизвикува будењето на природата. Училница, по училница, кабинет, по кабинет, изработени од хартија ги дотераа од убаво, поубаво, со цвеќиња, дрвја, сонце, пеперутки, пчели, штркови и што ли не друго што со себе го носи пролетта. Низ шаренилото од бои, во веселата и разиграна атмосфера во која учењето станува лесно како песна, ѕиркаше задоволството и воодушевувањето од најубаво украсениот кабинет по биологија, за кој децата добија награда да одат во пицерија. Второнаградените пролетни “работници” се облажија со торта, а за училницата на третото место, децата добија чоколада. 

Loading