ДРУЖЕЊЕ ЗА БУДЕЊЕ НА ЕКО СВЕСТА

СОУ „Орде Чопела“

Hortikulturno druzenje - SOU Orde Copela i OU   Kliment OhridskiТехничарите за хортикултура од СОУ „Орде Чопела“ со професорката Ружица Јагуриноска ја будеа еколошката свест кај учениците од ОУ „Климент Охридски“ кои сакаа да го уредат задниот двор со цвеќе. Со радост им излегоа во пресрет, донирајќи им расад од темјанушките, произведени во стакленикот на училиштето.

20160324 114842Повозрасните им покажаа на помалите како се сади. Активни беа четвртоодделенците со наставникот Цветанчо Волчески, шестооодделенците – природници со наставничката Цветанка Јочкоска, од биолошката секција со наставничката Наташа М. Михајлоска и учениците од ликовната секција со наставникот Влатко Николоски, кои старите пластични шишиња ги претворија во саксии во кои ги засадија темјанушките. 

 

 

 

20160324 121326– Секое дете сакаше да засади цвеќе, а ние го промовиравме профилот техничар за хортикултура за кој не знаеа дека постои. Бидејќи училиштето уште го знаат како хемиско и тутунско, се трудиме на било кој начин да ја разбиеме заблудата – кажува Јагуриноска.

Двете училишта остварија меѓусебна соработка. Низ ЕКО програмата за разубавување на училишниот двор во основното училиште се поврзаа еко-знаењата и животното искуство.

Loading