ОУ „Климент Охридски“
Гласно говореа осмоодделенците од ОУ „Климент Охридски“, откако го разработиле текстот Цвеќе на мирот и дознале кој е Цветин и како тој зборува пред публика. Станаа оратори во училницата која се “претвори” во амфитеатар на часот по македонски јазик за темата “Поим за говор” кај наставничката Јулијана Талеска.
– Мислев дека ќе биде интересна вежба за неколкумина. Излезе дека децата сакаат да играат улоги. Сите сакаа да настапат – кажува наставничката Талеска
Од желбата, произлезе и училишниот натпревар во јавно говорење со 22 финалисти. Потпирајќи се на издржани аргументи на темата, распределени во шема на излагање, подготвија прекрасни говори. Некој говореше како кандидат за градоначалник, друг за заштита на животните, трет како кандидат на претседател на куќен совет, четврт против војните, како и за кандидирање за претседател на одделение. Имаше говор за промоција на книга, и за свечености, роденден, и за упис на факулет. Друг беше татко на невестата, трет кум кој држеше говор на свадба. Застанати зад говорницата – превртена катедра, се “бореа” со стравот и тремата од јавниот настап, развивајќи самодоверба и сигурност. Додека правилно употребуваа глас и дикција, внимаваа на говорот на телото, одржувајќи контакт со очите со публиката – соученици, убедувајќи ги дека се во право во она што го излагаат.
{AG}396/kliment{/AG}
Тешко им беше на 14 ученици кои беа жири, оти сите беа беспрекорно спремни. Нијанси одлучуваа. Како најдобри оратори се покажаа Филип Крстески и Иван Крстески. Второто место го делеа Мила Николоска, Михаела Јанеска, Теона Стојческа, Климентина Котеска, Веселина Јованоска. А на третата позиција се искачија Никола Илијоски, Андријана Лимбевска, Сара Нинеска и Леонарда Кајџаноска. Не бадијала и наставничката Талеска беше воодушевена од детската енергија, нарекувајќи ги децата – фантазија.
![]()

