МАГИОНИЧАРИ ВО ПОРАКА

Magionicarski trikovi za radost kaj decata od PorakaРадост, смеа, воодушевување и полно емоции кај членовите од социјалниот клуб Порака предизвика гостувањето на двајца млади магионичари. Организираа мини театар, презентирајќи магионачарски трикови со карти, шамии, шапки, со кои “мамеа” насмевки не само кај членовите, туку и кај нивните родители. Дури и некои беа повикани на “сцената” да пробаат да изведат некој трик. Тогаш задоволството беше најголемо. Едно од децата го прегрна магионичарот за подареното искуство и тој да проба да замавне со магионичарската палка и да ги насмее останатите. 

Loading