Борење
Богата меѓународна активност имаат борачите од БК 7 Мај Леов. Прво петмина (Катерина Мирческа, Маја Дејкоска, Теодор Темелковски, Христијан Пенков и Борче Богатиноски) беа на подготовки во Стара Загора, Бугарија, со членови на домашниот клуб Берое. Учествуваа и на турнирот со борачи од Србија, Русија, Украина, Грција и Турција. Во силната конкуренција по една победа постигнаа Темелковски, Пенков и Мирческа, а загубија во второто коло.
Следна дестинација е Солун, Грција, на кадетскиот турнир.
![]()

