СОВЕТИ ЗА ЗДРАВА ХРАНА И ЗАПОЗНАВАЊЕ СО СТРУКИТЕ

СОУ „Орде Чопела“ меѓу деветтоодделенците

Ankica Ilieska prezentiraДодека лани професорот Игор Галоски со ветеринарите од СОУ „Орде Чопела“ се „шетаа“ меѓу основците, годинава се приклучија колешките Анкица Илиеска, Билјана Апостолоска, Татјана Тасевска и Александра Стојческа Трајческа. Не носеа коски од животни, не учеа анатомија, туку на деветтоодделенците им предаваа за основните принципи на здравата храна, воедно запознавајќи ги со хемиско-технолошката, земјоделско – ветеринарната струка и профилот очна оптика. 

Како агроном, професорката Илиеска ги запознавала со органската храна, од производството, обработката, па сéझдо консумацијата на зеленчукот. Ги подучувала како да препознаваат здраво произведена органска храна, а како генетски модифицирана, укажувајќи им дека помало јаболко и со црвче е 100 пати поздраво од огромно јаболко кое 15 пати е прскано со пестициди. А за консумирањето, дека е подобро варен или свеж зеленчук, од препржен или препечен.

Докторката Стојческа Трајческа кажувала колку е здраво за доручек да се јаде јаболко, отколку крофна, бурек. Оти се во рана возраст, ги советувала повеќе да пијат вода, да имаат правилен распоред на оброците и консумирање што поздрава храна, оти се одразува на здравјето.

{AG}395/hemisko{/AG}

Талевска пак ги запознавала со термичката обработка, односно за миењето на зеленчукот, дека не смее со топла вода, туку подобро е да отстои во вода.

– Ги запознаваме деветтоодделенците со придобивките од струките кои се изучуваат во нашето училиште. Имаше интерес. Прашуваа што се изучува, каде се извршуваат праксите… Ги привлече и оти сакаат да имаат чисто лице, а не сакаат вишок килограми. Признаваа дека брзата храна им е омилена, дека не внимаваат што јадат – кажува Илиеска.

На класниот час ќе ги посетат и деветтоодделенците од ОУ “Блаже Конески”, “Добре Јованоски” и “Гоце Делчев”. 

Loading