ДЕТСКИ ИНТЕРВЈУА ЗА ВЕЛИГДЕН ВО СТАРО ВРЕМЕ

ОУ „Кочо Рацин“

So ljubov se prenesuva veligdenskata tradicijaБиблиотеката во ОУ „Кочо Рацин“ се претвори во собиралиште, но не за читање книги, туку за уживање во ученички презентации за празниците Велигден и Бадник. Посетителите слушаа разговори на децата со повозрасни како во нивно време се чествувале празниците, им беа презентирани и пронајдените податоци од интернет. “Шлаг” беше кога осмоодделенците со рустикален начин на пеење ја изведоа Коледица, Варварица.

Станува збор за проектот музичкиот фолклор околу нас, по изборниот предмет „Проекти од музичката уметност“.

Учениците истражуваа за празниците, за нашето културно наследство. Со голема љубов и задоволство го посетуваат предметот, оти што е најпопуларно, нема учење, нема тестови, нема испрашување, туку има само истражување по интернет, прават интервјуа, најдуваат песни и сето го преточуваат во презентација – кажува менторот Ѕвонко Мирчески.

Седмоодделенците се преокупираа со Велигден, а осмоодделенците со Бадник и Коледе. 

Loading