МЕДИЦИНАРИТЕ ОЧИ ВО ОЧИ СО ГРАНТОВИТЕ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ

СОУ „Ѓорче Петров“

Biznis iskustvo pred medicinari i frizeriКај учениците од здравствената струка и фризерите од СОУ „Ѓорче Петров“ дојде стоматолог. Иако се навикнати да гледаат бели мантили, стоматологот Виолета Кочоска го пренесе бизнис искуството за добиените 185 илјади неповратни средства за самовработување. Споделувајќи ја со нив приказната за решавање на својата иднина, поттикна претприемачка и иновативна размисла самостојно да се планира иднината според добиените технички вештини од стекнатото стручно образование. Со средбите и контактите, на учениците им се прошируваат видиците во одредувањето на патеката на иднината.

На предавањето присуствуваа професорите Христина Петкоска Димеска и Пеце Алексоски, како и Нина Бабушковска, претставник на УСАИД. 

Loading