РЕКА ОД ПРАШАЊА ЗА ТУТУНОТ

ОУ „Климент Охридски“

Institutot za tutun privlecen za ucenicite„Тутунот е луксуз, а каде е луксузот, таму е и глупавоста, па така и овој Музеј говори за човековата глупавост и можеби заради тоа е толку интересен“. Ова беа зборовите на кустосот Александар Цветкоски што им ги пренесуваше на седмоодделенците и деветоодделенците од ОУ „Климент Охридски“ при посетата на Музејот за тутун. Посетата е дел од интегрираната настава по предметите Нашата татковина и Истражување на родниот крај со наставниците Зоран Сребреноски, Лилјана Здравеска и Соња Петреска. Децата поставија река од прашања за приказните за историјата на тутунот низ разгледувањето на изложените експонати.

– Експонатите им припаѓале на познати личности од европската и балканската историја, како Царот Романов, Дража Михајловиќ, Надвојводката Ана, на морнари кои патувале со Колумбо…  – ги пренесоа впечатоците учениците.

Навратија и во хемиската лабораторија во Институтот за тутун. Се запознаа со потеклото на тутунот, хемискиот состав, штетноста од пушењето. А со презентирање на машината за пушење им било доловено колку никотин може да внесе човекот со испушени 20 цигари.

Loading