ЗЕЛЕНА ПРАКСА „НА ТРКАЛА“

Eksperimenti vo priroda za borba protiv klimatskite    promeniЕколошка лабораторија на тркала „шета“ по дворовите на седумте основни училишта во градов, но ќе биде гостин и во селата. Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени е насочен кон поттикнување на истражувачкото образование. Целта е да се зголеми свеста за заштита на животната средина и да се зајакне борбата против климатските промени. Учениците и наставниците од еколошко-биолошките секции во зелениот камион со користење на модерна лабораториска опрема правеа експерименти за појави во атмосферата, хидрологијата и почвата, поврзани со климатските промени. Припомош за вежбите им беше енергијата од сонцето која ја позјамуваа преку сончев колектор. Збогатени со нови вежби, научија да го пресметуваат и јаглеродниот отпечаток на нивните училишта, полесно разбирајќи го глобалното затоплување и климатските промени.

Претходно наставниците од целата земја имаа обука во Прилеп за изведување практична настава за климатските промени во зелениот камион.           

Loading