ЕМПАТИЈА КОН РАЗЛИЧНИТЕ

ОУ „Климент Охридски“

Sredbata so zamisleno drugarceУчениците од 3-3 одделение од ОУ „Климент Охридски“ пишуваа за чувствата при средбата со другарче со пречки во говорот, слухот, со проблеми со одењето или со видот. На наставниот час темата беше емпатија, водена од наставникот Светлана Миоковиќ Томеска. Децата внимателно слушаа и развиваа позитивен однос и желба за помош на оние кои се поразлични. Беа активни кога им се демонстрираше азбука со гестикулации, со раце за разбирање со лица со проблеми со слухот. А потоа, замисленото другарче беше во вид на слика. Опишуваа како би постапувале, какви емоции се будат и како би помагале да се вклопи во околината.

Активноста е дел од проектот Заедничка грижа за правилно насочување на учениците.

Loading