УМЕТНИЧКИ ОТИСОК ОД ЧКРТАНИЦИ

ОУ „Добре Јованоски“

Unikatni grafiki vo sareniloto od boiУчениците од 4-2 одделение од ОУ „Добре Јованоски“ демонстрираа стручност за графичката техника – монотипија. На часот по ликовно со наставничката Делфина Тутеска, од обични чкртаници изработуваа уметнички ремек дела. На едната страница од листот, кој со водени, кој со темперни боици, правеа скица за нивната графика, трудејќи се идејата што поверодостојно да ја пренесат како отпечаток на другата страница од листот. Боичките ги разредуваа со четка, некои правеа и линиски цртежи, комбинирајќи ги сите бои во сликарството. И со поклопување на превитканиот лист ги отпечатија скиците, создавајќи уникатни графики во шаренилото од бои. На интересниот час не само што научија што е добра и квалитетна отпечатена графика, туку докажаа дека монотипијата успешно може да се примени и во училишни услови.

Децата практично ги развиваа креативните и ликовните способности. 

Loading