СОУ „Орде Чопела“
Учениците од хемиско-технолошката струка од СОУ „Орде Чопела“, дел од стручните часови со професорите Славица Петровска, Медиана Николоска и Татјана Тасевска ги поминаа во млекарницата Мики. Дотерани во бели мантили, како на практична настава, го разгледаа погонот за производство на млечни преработки. На лице место го следеа приемот на свежо млеко, како се анализира, па како се определуваат мастиите, лактозата, сувите материи, свежината… Се запознаа и со постапките за пастеризација на млекото, методите и технологиите за добивање на кисело млеко, путер, јогурт, бело сирење, биено сирење, разликата во технологијата на добивање на млечните производи, кои температури се важни, начинот на пакување на производите и др. Ги разгледаа и лабораториите со софистицирана опрема. Ги опколија сите апаратури, машини, дури и видоа како се изработува амбалажата. На ваков начин, теоријата од училиштето ја поврзаа со практичната примена.