ЗА ПАТРОНАТОТ, ПЕСНАТА НА ТОМЕ МАРУЛЕЦОТ

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“

Poklonenie na patronot - SOU Kuzman Josifoski -   PituСОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, во чест на херојот, чие дело гордо го следат 59 години, го одбележа патрониот празник со богата културно – уметничка приредба. Необично беше што свечената академија ја отворија, читајќи ја песната на Томе Велјаноски – Марулецот, посветена на нивниот патрон. Претходно, ја посетија спомен куќата на Кузман и положија цвеќе пред спомениците во училишниот двор, пред Участакот и на Могилата на непобедените. Главната манифестација изобилуваше со “странски точки”, на англиски, германски, француски. Се заигра и оро на театарската сцена, се рецитираше, се пееше и се танцуваше. Литературното читање беше збогатено со творби на основците и средношколците.

Од спортските активности, акцентот го ставија на турнирот во женска одбојка.

Loading