ТРЕТА СРЕЌА ЗА БРОНЗА ВО СКИЈАЊЕ

Nosecka Radost za nagradata - Kofiloski so mentorot VasileskiГимназијалецот Теодор Кофилоски на скијачкиот куп во Маврово, го освои првиот медал во скијање. Тоа му е трета среќа, оти претходно пробал да “дофати” медал на Државно првенство во скијање, и на куп во Шапка. Ем единствен претставник од градов, ем првпат да земи награда. Учествувал во најстарата категорија, напреварувачи родени 2000г.  Во дисциплината веле славом, успеал вешто да се снајде низ поставените капии и тоа без да падне. Тој ден му тргнало од рака, или можеби од нога, оти додека вежбал претходно паднал неколкупати, но не и на главниот момент. И така освоил бронза.

Кофилоски скија од “мали нози” кога првпат ја осетил снежната патека во Крушево, но активно се занимава со белиот спорт веќе четири години под “диригенство” на професорот Даниел Василески.

Kofiloski so Vasileski– Ги сакам спортовите со адреналин. Секоја година се подготвуваме во Банско, а дома вежбаме на справи за посебни асимулации. Се трудам што повеќе да научам, не сум совршен. Треба тренинг. Скијањето бара техника, ако ја немаш, бадијала ти е брзината. Треба истрајност и издржливост, а паѓањето е дел од скијањето, така се учи. Со работа сé се постигнува. Битен елемент е и другарството. На зимување меѓусебно си помагаме, применуваме искуство од повештите “колеги” – вели Кофилоски.

Кажува дека и покрај скромните услови за тренирање, постигнал успех меѓу спремните деца репрезентативци. Додека во зима преокупација му е скијањето, во лето се “занимава” со пливање. 

Loading