СЕДЕНКА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Гимназија „Мирче Ацев“

Kraj logoroski ogan se slavea vinoto i prijatelstvotoИзобилство од чисти емоции под ритамот на гитарите и убавата музика, со печени костени, со топол чај крај логорски оган под отворено небо, е сликата со која најдобро може да се опише гимназиската седенка во Вилата Димкара организирана на православниот празник Свети Трифун. Славејќи ја поезијата и  пријателството, во опуштена атмосфера, под отворено небо, далеку од градскиот џагор, потсетија на вредностите во животот. Во несекојдневниот природен амбиент уживаа и гостите и родителите кои наздравија за празникот.

Низ невообичаено, поинаквиот начин, кој е нестандарден и без доза на монотонија, гимназијалците покажаа дека се способни да им дадат нотка на свежина на манифестациите кои ги организираат со вистинска креативност. 

Loading