СИТЕ ШТО ЉУБАТ, НЕМА ДА ЗАГУБАТ

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“     

Ljubovta e sekogas prisutna i kaj postarite i kaj     pomladite„Сите што љубат, нема да загубат, а љубовта треба секој да ја има“ кажува шестоодделенецот Георгиј Магдески од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, пресреќен за првата награда на првото учество на литературниот конкурс по повод Празникот на љубовта. Училиштето собра 43 деца од цела општина на јубилејната 10-та поетска дружба „Љубовта како хумана порака меѓу луѓето“. Првпат имале и гости од подрачното училиште од селото Мало Коњари. Поради големиот интерес, збогатен со присуството на родители, училницата била претесна. Затоа литературното читање се претворило во мини приредба на бината во холот.

– Темата љубов е универзална и секогаш присутна и кај постарите и кај помладите и е потребна многу, особено кај децата. На ваков начин се воздигнуваат, се охрабруваат и пишуваат работи кои не би можеле ние возрасните. Среќата и радоста кои ги искажа преку гушкање, беа најголеми кај Теодора од четврто одделение, со церебрална парализа – кажува наставничката по македонски јазик, Снежана Тодеска.

Шестоодделенката Тамара Петреска пееше за првата љубов на големите деца, кои кога се заљубуваат имаат трема и црвенат во образите пред симпатијата.

“Тоа сепак е љубовта” е творбата на Лина Тунеска.

– Песната беше за дете кое сака да напише мелодија за љубовта и како да го допре срцето на другите – вели Тунеска.

Вторпат учествувала Евгенија Ристеска од 6-3 одделение. 

– Љубовта меѓу двајца млади секогаш треба да се слави. И колку тоа да ни е чудо, ни нуди мир – додава Ристеска.

Редовна на вакви манифестации е Александра Трајческа од 6-1 одделение, која лани го освоила првото место на конкурсот од Библиотеката.

-Љубовта објаснував дека е само чувство, но возвишено – кажа Трајческа.

Наместо селектирање на најдобри, поделиле за сите пофалници.

Loading