ЕВРОПСКА ПРАКСА ЗА ЛАНСКИТЕ МАТУРАНТИ

СОУ „Кузман Јосифовски – Питу“

Vo trka po megjunarodni biznis iskustvaПортугалија, Англија, Грција и Хрватска се дестинациите за двонеделната меѓународна пракса на 16 лански матуранти од СОУ „Кузман Јосифовски – Питу“. Преку проектот на Младинскиот совет “Ние можеме, ќе го направиме тоа” ќе имаат прилика да стекнат практично искуство на работно место во интеркултурна атмосфера. Користејќи методи од неформалното учење, целта е подобрување на вработливоста на младите и побрза транзиција од образование кон пазарот на трудот.

Еден од среќниците е Петар Шиклески, студент на Фон Универзитетот, кој се пријавил потиткнат од желбата за стекнување нови искуства.

– Ќе гостуваме во Грција. Како правен техничар имам шанса за практично усовршување на вештините во областа на маркетингот, бизнис менаџментот и тоа во една сосема поразлична средина и култура – додава Шиклески.

Сибела Мамудоска е тим лидер на групата во Монтио, Португалија.

– Не само што ќе ги прошириме видиците и стекнеме нови познанства, воедно се надевам и на подобрување на менаџерските способности – вели Мамудоска.

Овие млади ги грее надежта за зголемување на шансите за вработување.

Loading