БЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТ И СТОП ЗА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

ОУ „Рампо Левката“

Bezbednosta pri surfanjeto na internet e bitna kaj     decataДеветтоодделенците од ОУ „Рампо Левката“ ги посети помошникот командир за јавен ред и мир и превенција, Дејан Ангелески, придружуван од Изабела Кузманоска и Емилија Велкоска, инспектори за малолетничката деликвенција и семејно насилство. Свратија во училиштето да одржат предавање за Превенција од врсничко насилство. Беше прикажан и филм, кој со оглед на актуелноста на темата, побуди голем интерес кај учениците.

Stop za vrsnickoto nasilstvoВо знак на месецот на информатиката, пак пред седмооделенците беше одржано предавање за безбеден интернет. Претставници од полициската станица ги запознаа со опасностите кои демнат на интернет, укажувајќи им притоа како да се заштитат.

Несомнено соработката со полицијата е непресушна. Помошникот командир Ангелески ги собра и родителите на деветоодделенците. На трибината се дискутираше на темата “Децата и интернетот” за што беа поделени и брошури. На ваков начин се едуцираа и родителите, подигнувајќи ја нивната свесност за можните злоупотреби од интернет.

Loading