СВЕТЛИНА ЗА МАЛ ФОРМАТ

Mal format izlozbaВо галеријата од ЦК „Марко Цепенков“ вечерва од 19 часот ќе бидат презентирани творечки предизвици на македонските уметници на изложбата „Мал формат“.

Малиот формат веќе е децениски опит, етаблиран во скелетот на културните и, особено, ликовните случувања. Во културната периодика претставува светол момент во колективната меморија.

– Малиот формат е честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика. Магијата на „малиот квадрат 25х25“ е искушение и за најголемите  мајстори на четката и бојата. Пикасо, Дали, Матис, Лотрек, Ван Гог, Гоген, сликари од сите школи и правци го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот квадрат, и на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин, да го транспонираат собитието и мотивот од големото платно во помалата мерка – велат од ДЛУМ.

Loading