„ОБЅРНИ СЕ ВО ГНЕВОТ“ ПО 60 ГОДИНИ

Кристина Димитрова, режисер

Kristina Dimitorva so prva rezija vo maicnata kucaМладата режисерка Кристина Димитрова вработена во театарот ги активира подготовките за претставата „Обѕрни се во гневот“ од Џон Озборн. Ова ќе биде режисерско деби во матичниот театар.

Зошто Џон Озборн?

 Како драмски писател Џон Озборн верува дека театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето. Иако признава дека постои простор за разни видови на театар, најмногу се занимава со оној што нуди витална, емоционална динамика, што продира низ класните бариери и сите пречки поставени на патот на емоциите. Цврсто е убеден дека се потребни нови театарски трепети, како што е потребен и нов театарски јазик. Неговиот начин на гледање на театарот, ме инспирира да го земам неговиот прв и најпознат текст “Обѕрни се во гневот”.

Дали е предизвик и за прилепскиот ансамбл?

Станува збор за приказна за побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните татковци што го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла. И потоа истите пак го создаваат светот на стариот начин, без да ги почитуваат потребите и желбите на младите. Тоа е побуна против реалноста на владењето на материјалните вредности, за лицемерието на опшеството кон луѓето кои се борат за напредок, а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменост… Текстот се поставува точно по 60 години од првата изведба. Секогаш е актуелен и е предизвик да се истражи на нов начин. Среќна сум што ја имам честа да работам со фантастичните актери од прилепскиот ансамбл.

Ќе играат Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмаковска, Илија Волчевски, Даниела Ивановска, Андон Јовановски. Костимографијата е на Илина Ангеловска, сценографијата на Илина Ангеловска, а композитор е Дарија Андовска. Драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска -Ѓорѓиевска.

Loading