ЗБОРОТ МЕЃУ КОРИЦИТЕ

ОУ „Блаже Конески“        

Procitaj i ti dobra knigaВистинска библиотека стана ОУ „Блаже Конески“ под „диригентство“ на наставничката по македонски јазик Виолета Христоска и библиотекарката Вера Искова. Проектната активност “Јас прочитав, прочитај и ти” за заедничка грижа за правилно насочување на учениците, го претвори училиштето во величествен храм на книгата. Со манифестацијата, од една страна, се продлабочува врската ученик – наставник – родител и се јакне воспитната компонента. Од друга страна, се разменуваат книги, се развива и буди љубовта кон пишаниот збор.

Ученици, родители, наставници, па дури и баби и дедовци, меѓусебно се дружеа, давајќи предлози за читање на добра книга. Во рацете на посетителите, од најмали од најголеми, се најдоа разни книги. Се поттикна читањето, ширењето на мислата и се потврди дека “книгата е најверниот другар и најголемото богатство”.

Учениците зборуваа за јунаците од омилените книги, како Последната пролет во Париз, Сеќавање на љубовта, Принцот на маглата, Пиерета, Белото циганче, Рингишпил, Перфектна хемија и други.

Loading