ЗАЧЕТОК НА ЕДНА ЉУБОВ

Stravot e nadez deka nekoja prikazna ke prodozi - AngeleskaХристина Ангелеска, ученичка во Гимназијата ја промовираше првата книга. Инспирирана од љубовта, стихозбирката “Стравови”, ја напишала на 16 години, но дури сега ја објави со поддршка на Гимназијата. Книгата е зачеток на една љубов,  која не познава граници. Преовладува надреализам што прелева во романтизам.

– Стравот е последната надеж, 1000 непроспиени ноќи и надеж дека некоја приказна ќе продолжи – кажува авторката.

Книгата говори за првата љубов, која не само што живее, туку уште трае. Меѓу корицата се и стихови кои момчето í ги посветува на Ангелеска.

– Ме влече поезијата, иако порано пишував проза. Инспирација ми се надреализмот и реализмот. Сé што гледам, запишувам – додава Ангелеска.

Желба ѝ е да се запише на филолошкиот факултет во Скопје.

Loading