ЧАС В ЧАРШИЈА

ОУ „Климент Охридски“ 

Prosetka i ucenje za kulturno-istoriskite spomeniciВтороодделенците од ОУ „Климент Охридски“ на топлото  време се прошетаат низ центарот. Во колона по двајца, држејќи се за рака, со наставничките Сузана Стеваноска, Мартина Цветкоска Ристеска и Соња Стојаноска имаа час по природо и општество. Учејќи за културно-историските споменици, ги разгледуваа споменикот на Марко Цепенков, Участакот, Градскиот часовник, остатоците од џамијата и куќата на Бектештевци. 

– Научивме дека во близина на ЦК “Марко Цепенков” има градска библиотека. Тука се одржуваат и претстави. Бев на училишните смотри и на настап на играорци – рече ученикот Горјан Ристески.

– Научив дека Марко Цепенков пишувал книги, приказни, песни – додаде Марија Јовеска.

Не само што ја “откриваа” историјата и културата, со детскиот џагор измамуваа и насмевки кај минувачите. 

Loading