ДЕТСКА ПРЕТСТАВА ЗА ЛОВЕЦОТ И КУЧЕТО

ОУ „Гоце Делчев“  

Ucenje za senki preku igraКога училницата се претвора во мини театар, часот станува уживање. Петтоодделенците од ОУ „Гоце Делчев“ со наставничката Кети Иваноска си “поиграле” со темата сенки по природни науки. Наместо класично предавање, учениците од 5-а и 5-б изработувале кукли од картон и други непроѕирни материјали за полесно да ги истражуваат сенките. Хартиените изработки, претходно нацртани и изрежени, ги ставиле под поголем картон и низ него пуштиле светилка. Од светлото на “сцената” се појавиле сенки од куќа, ловец, куче, зајак, пајка и други ликови, преку кои раскажале приказна за ловецот и кучето. Куклената претстава ја одиграле и учениците од подрачното училиште во селото Радобил. Преку играта научиле дека сенката се прави кога одреден извор на светлина свети кон непроѕирниот објект. Не може да помине низ него, туку прави темна форма, што ја нарекуваме сенка. 

{AG}389/gocedelcev{/AG}

Loading