ЕФИКАСНА ДОГРАМА

Во Ново Лагово

Novi prozorci vo Novo LagovoПодрачното ОУ „Круме Волнароски“ во селото Ново Лагово доби нова надворешна столарија. Со проектот сега има подобро и потопло училиште за учениците.

– Со промената, училиштето стана енергетски поефикасно и ќе се заштеди на енергетските ресурси – најавува директорот Дејан Бунтески.

Идни проекти кои ќе се реализираат се уредувањето и заградувањето на дворот и изградба на парк со реквизити за учениците. Инвестицијата чини 60 илјади денари, а средствата ќе ги обезбедат локалните власти.

Loading