СПОРТОТ ГИ РАЗВИВА СЕМЕЈНИТЕ ВРЕДНОСТИ

Sport za bliskostУчениците од основните училишта се натпреваруваа во штафета со топки, штафетно пресоблекување на дрес, подавање на топка под нозе – над глава, куглање и фудбал во рамките на проектот „Спортот и семејните вредности”. Основна цел е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот да се дружат меѓусебно, да се зајакнат врските во семејството во насока на поддршка на демографските политики. Проектот е во организација на Агенција за млади и спорт, Сојуз на спортски федерации на Македонија и локалните самоуправи во Р. Македонија

На спортските настани во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко” присуствуваше градоначалникот Марјан Ристески и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, како и голем број директори, родители и ученици.  

Loading