Во Ново Лагово
Подрачното ОУ „Круме Волнароски“ во селото Ново Лагово доби нова надворешна столарија. Со проектот сега има подобро и потопло училиште за учениците.
– Со промената, училиштето стана енергетски поефикасно и ќе се заштеди на енергетските ресурси – најавува директорот Дејан Бунтески.
Идни проекти кои ќе се реализираат се уредувањето и заградувањето на дворот и изградба на парк со реквизити за учениците. Инвестицијата чини 60 илјади денари, а средствата ќе ги обезбедат локалните власти.