МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СО КОНЕСКИ

Во училниците на ОУ „Блаже Конески

Se podigaat patriotskite cuvstvaСе вее државното знаме со логото на академикот Блаже Конески во ОУ „Блаже Конески”. Во сите училници се поставени знамињата кои го носат и ликот на патронот, основоположникот на македонскиот литературен јазик. Целта е да се подигне нивото на националната свест кај учениците, љубовта и почитта кон државата. Се афирмираат и негуваат националните вредности, оти “Јазикот, македонската нација – тоа сме ние” и треба да ги чуваме и негуваме за нашето постоење од најмали нозе. Се планира и свечено интонирање на државната химна на одделенските часови и на разни свечености и манифестации.           

Идејата потекнува од градоначалникот Марјан Ристески по примерот на училиштата во Германија и потребата за кодифицирано однесување на учениците и вработените при интонирањето на химната. 

Loading