ПРИРЕДБА ЗА ДЕЛЧЕВ

За 144 годишнината од раѓањето на патронот

Delcev inspiracija za najmaliteПричина во ОУ „Гоце Делчев” да се соберат мноштво почитувачи на делото на овој револуционер чие име училиштето гордо го носи беше одбележувањето на 144 годишнината од раѓањето. Во низата активности, учениците, наставниците и претставници од локалната самоуправа положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор. Најмалите ги “окупираа” погледите од возрасните со пригодна приредба. Делчев секојдневно живее во срцата и е трајна инспирација на генерациите. А училиштето достојно го слави роденденот со повеќе успеси во наставно -воспитниот процес.  

Loading