УЧЕЊЕ И ДРУЖЕЊЕ СО АКТЕРОТ ВОЛЧЕСКИ

ОУ „Климент Охридски“

Drugaruvanje so akterot VolceskiНа часот по македонски јазик деветтоодделенците во ОУ „Климент Охридски“ уживаа во друштвото на актерот Илија Волчески. На покана од наставничката Билјана Наумоска Шукуроска, тој им бил помош во обработката на лекцијата за профил на еден актер од темата медиумска култура. Со гостувањето на еден од талентираните актери, часот добил сосем поинаква димензија. Поради дарбата за глума, Волчески го задржал вниманието, додека раскажувал за првите средби со театарот. Раскажал како функционира театарот, а како се снима филмот. Да ја претстави професијата, актерот доловил забавни примери, но кажал колку е напорно актерството и што треба да поседува една личност да биде актер. Учениците се увериле во дарбата на гостинот од сцената, бидејќи презентацијата била глума која ги воодушевила

Loading