НАСТАВНИК ДРЖИ ЧАС ЗА КОЛЕГИТЕ

ОУ „Блаже Конески“

Korisna obukaНа наставниците од одделенска и предметна настава од ОУ „Блаже Конески“, колегата по математика Игор Богданоски им одржа час по информатика. Станува збор за неколкудневната интерна обука за професионално усовршување на наставниците. Богданоски прикажал и објаснил неколку Гугл апликации за едукација, како онлајн училница, потоа облак за онлајн складирање и размена на податоци преку Мајкрософт, како и модул платформа за е-учење. На отворените часови се разменувале искуства и идеи за подобрување на наставата, со оглед на тешкотијата во прилагодување на новата Кембриџ програма.      

– Гугл апликацијата за едукација т.н. Google classroom ја имплементиравме уште во првите училишта. Преку обуката подобро се запознавме со оваа алатка за врска меѓу наставниците и учениците. Директно се комуницира и се соработува при извршувањето на задачите – објаснува Богданоски. 

Со посета на часови од еден кај друг, ја зголемиле меѓусебната соработка.

– На мејлот постои простор за зачувување на онлајн податоци, од 5 до 15 гигабајти и тоа преку алатките гугл скајдрајв и дропбокс. На многумина им беше ново дека може USB да не се примени на места каде покрај компутер, достапен е и интернет. Така, сликите, текстовите и други податоци од дропбоксот на домашниот компјутер, преку алатката гугл драјв можеме да ги отвориме и додека сме на училиште – вели наставничката Гордана Џокоска.

Обуката била добро прифатена и на барање на наставниците, ќе се организираат слични средби. 

Loading