МУЗЕИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА И ОБРАТНО

Blagodarnici za dramskiot timКултурно-историските споменици и локалитетите беа преокупација на основците на годинашниот проект Музеите во училиштата или училиштата во музеите. Веќе неколку години во соработка со Завод и Музеј учениците учат за културата, обичаите и традицијата. Децата со задоволство уживаат во подготовките. Користејќи ја креативноста, најрадосни се кога снимаат кратко видео за избраниот локалитет или случување, кое потоа го документира Завод и Музеј како материјален доказ. Тие ем ја учат историјата на забавен начин, ем се актери. Меѓудругото, научните институции се доближуваат до учениците, поттикнувајќи го интересот за традицијата и афирмирањето на националното културно – историско богатство и наследство.  

Loading