ВТОР МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ КАРАТИСТИ

Risteski osvoi plaketa za vtoro mesto vo junioriКаратистот Андреј Ристески од КК Спорт 94 беше меѓу најуспешните јуниори од државава за 2015 г. кој се закити со плакета на изборот на најдобри спортисти. Ристески, ученик во трета година во СОУ “Ѓорче Петров”, се пофали со сребрена плакета, благодарение на освоеното второ место на Државното, учеството на Светското првенство, како и поради ланскиот пласман на седмото место на Европското првенство во Цирих. Натпреварувањето во Швајцарија било и тогашен најдобар успех меѓу прилепските колеги.

Инаку, Ристески “цапа” по татамите, изведувајќи кати веќе 10 години. Се вљубил во источниот спорт, кога татко му го “прошетал” на тренинг во Спорт 94. Иако само го гледал братучедот како тренира, оттогаш, до денес активен е во овој спорт. Тој е “виновникот” што и на неговиот помал брат му легнало каратето.

– Каратето го доживувам како животен стил. Начин на опстанок без кој животот не би бил комплетен. И седмото светско место ми е највисок пласман досега, на кој сум горд – вели Ристески.

{AG}386/andrej{/AG}

Во витрината се “перчат” сребрени и бронзени медали, освоени на балкански првенства.

Меѓу најдобрите јуниори лани била и колешката Сара Симоноска, која како првак на Државното, застанала на третото место.  

Loading