ПОТЕР НАЈЧИТАНА

Metez za knigПовеќе од 150 деца катаден се „гости“ во детското катче во градската библиотека. Книгата е верен другар за распустот, почнувајќи од децата од предучилишна возраст до деветтоодделенците. Одделот за деца брои 2000 членови. Тоа потврдува дека интересот за читање книги е пораснат за зимскиот одмор. Покрај задолжителните лектири, се трага по слободна литература. Најбарани се “Озборувачка” од Керолајн, а од лектирите, “Марта” од Горјан Петрески.

– Лектирата премногу се бара. Децата сакаат да читаат и да ги завршат обврските додека се слободни и да бидат поспремни за второто полугодие. Не смеам да не ја спомнам Александра Потер. Се бараат сите нејзини книги. И “Момците од самракот” – кажува Веселка Здравеска од детското катче.

Додава дека покрај во домашна атмосфера, уживаат со книга в раце и во установата, било во детскиот оддел, било во читалната.  Особено поголемите “киснат” во изработка на проекти, истворемено користејќи ја литературата на библиотеката, која ги услужува и оние кои не се зачленети. 

Loading