Кога во училиште ќе влезам
ѕвончето чука,
во училница е тишина
не се знае за бука.
Наставникот наш
нí дава знаење баш,
нí дава голема ука
и имаме добра наука.
Кон постари имаме почит
и мирни сме на час,
сé додека не чукне ѕвоно
и нé почнеме да се смееме на глас.
Наставникот се грижи
за здравјето наше,
ние ќе се грижиме
за почитувањето ваше.

Катерина Лашкоска,
5-1 одд. во ОУ “Блаже Конески”
![]()

