ЛЕТ НА СКИИ

ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ОД ШАПКА ДО БАНСКО

NOSECKA Osvojuvanje na sneznata belina na skiiНа белата снежна покривка на Попова Шапка, основците се “мешаа” со повеќе од 90 деца на шестдневниот камп. Дружењето од божикниот ручек со децата на загинати бранители, од социјално загрозени семејства, овојпат го повторија по скијачките терени на македонската бела убавица. Ем се скијаа, ем пливаа во базен, уживајќи во белината. Некои првпат се “качуваа” на скии, затоа ги придружуваа инструктори со чија помош беа и подобри од искусните.

За Андреа Ацеска од ОУ “Рампо Левката”, чекорењето по снегот, опремена со скии било тешко, но забавно. 

{AG}386/skijanje{/AG}

– Првпат сум на скијање. Првин беше страшно. Многупати паднав пред да се исправам на скиите. Откако ја совладов “опасната” вештина, не слегував од скиите. Уживав, освојувајќи ја белината. Забавно беше – ги пренесе впечатоците Ацеска.

Нешто поискусен од неа бил Никола Конески од ОУ “Кочо Рацин”.

– Задоволен сум од скијачкиот центар. Зимското логорување е интересен начин да се минува распустот. Немам проблем со скијањето. Втора година верно се дружам со скиите. Им помагав на другите да станат умешни скијачи. Некои се шегуваа, нарекувајќи ме инструктор. Среќен сум што имав можност истовремено и да го гледам снегот и да пливам во затворениот базен – кажува Конески.

На зимскиот камп се дружеа децата од основните училиште во придружба на наставниците.

Зимската убавина не ги остави рамнодушни гимназијалците Надица Бунеска и Христијан Јанкоски. Како љубители на снегот, со неколку пријатели осум дена уживаа во еден од најубавите скијачки центри на Балканот, Банско, во Бугарија.

1. Snezni ludorii - Buneska i Jankoski– Презадоволни сме од убавините на овој скијачки центар. Сега тата-мата сме за скијање. “Дотерани” во комбинезони, со скиите го нагазуваме снегот и да не речам летаме. Не постојат зборови да се опише чувството кога ќе се качиш на врвот на Пирин Планина, на патеката Тодорка. Погледот е прекрасен и се останува без здив. Преку ден уживавме во скијањето, а навечер се забавувавме во ноќните клубови – кажува Бунеска.

Страстен обожувател на зимските спортови е 17 годишниот Иле Ангелески,  од гимназијата “Јахја Кемал” во Скопје. Дел од “скијачките денови” ги минува во Банско со педесетина деца од 7-25 години со наставникот Даниел Василески. Бил и “тренер” на помалата братучеда во усовршувањето на скијачките вештини.

2.Ile Angeleski ima merak za skajdajving– Од мали нозе сум на скии. Имав 7 години. За распустот оделувам најмалку десет скијачки денови. Низ годините совладав некои техники со кои лесно ги минувам најстрмните патеки. Во Банско имавме прекрасна скијачка авантура. Уживавме во белиот спорт, се дружевме и трениравме според брзината на скијање поделени во мали групи, како подготовка за идни натпревари. Ме воодушевува снежно белата природа – кажува Ангелески, на кој, како љубител на екстремните спортови, животна желба му е скајдајвингот.

Loading