НЕСОНИЦАТА НА МЕЧЕТО ВО БОЕНКА

ОУ „Климент Охридски“

Boenkata gi izraduva najmaliteГрупа ученици од ОУ „Климент Охридски“ со наставниците Јулијана Талеска, Влатко Николоски и Гордана Јованоска, детската фантазија ја преточија во боенка, насловена „Мечето што не сакаше да спие“, посветена на најмалите. Зад црнобелата публикација театарска едночинка напишана од Талеска, а инспирирана од српската песничка „Љутито мече“. Учениците од драмската секција, маскирани и нашминкани, ги одглумија автентично улогите пред првачињата, децата од посебните паралелки, како и во градинката „Тризла“. “Напомош” се вклучи и ликовната секција со менторот Николоски. Боенката ја надополнија со цртежи мотивирани од изведбата на претставата. А наставничката по информатика Јованоска со неколку ученици технички го обработија материјалот. Делото на повозрасните се подари на првачињата и на децата од градинките.

{AG}385/ohridski{/AG}

Во проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ се изведе и активноста „Јас прочитав-прочитај и ти“. Учесниците им порачаа на соучениците да читаат книги додека им е зимскиот распуст. 

Loading