ХЕМИЧАРКА НА ЧЕКОР ДО ПАКИСТАН

СОУ „Ѓорче Петров“

Mijaceska so mentorot PetkoskiЗа Бранкица Мијаческа, ученичка во СОУ „Ѓорче Петров“, под менторство на Слободан Петкоски, после неколку успешни докажувања на знаењата по хемија, претстои можност за натпревар и на Меѓународната хемиска олимпијада во Карачи, Пакистан. Лани таа успешно се справи со предизвиците на општинскиот, регионалниот и државниот натпревар, па и на последниот  – Македонската олимпијада каде покажувајќи високи резултати, влезе во најтесниот круг за подготувка за Меѓународната олимпијада. Во следниов период, Мијаческа меѓусебно ќе се натпреварува со 12 најдобри хемичарки од државава и ќе се бори да обезбеди билет за Пакистан заедно со други тројца.  

Loading