ЧАЈЧЕ КРАЈ ДОМАШНО ОГАНЧЕ

Како минува распустот

Пред паузата од училишните обврски, децата бликаат со идеи и враќаат полно спомени за зимски доживувања. Раскажуваа како го минуваат распустот, спиејќи до пладне, па со чести прошетки со пријателите и препуштање на празничната магија во кругот на најблиските. Некои “не заборавиле” да читаат, а други планираат скијање, како надомест за “еднодневниот снег”.

1. Katerina LaskoskaПеттоодделенката Катерина Лашкоска од ОУ „Блаже Конески“ чита книга, уживајќи со мајка í со топлиот напиток. Жали што зимава личи повеќе на пролет и ја заборавила ланската снежна разгледница. Добро би í дошло распустот да се збогати со белило и зимски пејзаж, како оној на Попова Шапка.      

– Сé испланирав пред да почне распустот. Прво се зафатив со решавање на зададените задачи. Ја читав лектирата „Малиот принц“ уживајќи во глетката на скијачките терени и природните убавини на Шар Планина – кажува Лашкоска.

 

 

 

 

 

 

2. Ivana DukoskaДружење со другарките и посета на блиските е распустот на гимназијалката Ивана Дукоска. 

– Маскимално го искористувам секој ден за излегување со другарките, посета на баба ми и дедо ми и роднините во Штип. Ја прочитав и книгата „Повик од ангелот“. За крај, планираме со семејството да скијаме во Банско – вели Дукоска.

 

3. Hristina StevanoskaНа Христина Стеваноска од СОУ „Ѓорче Петров“ во сеќавање ќе í остане еуфоричното прославување на полнолетството.

– Исполнето со радост и смеа, со многу гости и пријатели, на Божик го дочекав 18-тиот роденден.  Се токмам и за Крушево. Малку да се релаксирам во зимски амбиент. Тука ќе биде и најдобрата пријателка, книгата, покрај прошетките и дружбите по кафетерии. Ги полнам батериите за враќање во училишните клупи – додава Стеваноска. 

 

 

 

 

 

 

 

 

4. Mihail KuseskiЗа гимназијалецот Михаил Кусески, „нема спас“ од тенисот ни за распустот.

– Пред распустот, месец ипол се спремам за Сплит, за турнирите. Ме повикаа да тренирам во тамошната академија, со понуда за спонзорство да настапувам за нивниот клуб. Од голема поддршка ми се родителите, со кои правам пауза од тренинзите – кажува тенисерот.

 

 

 

 

 

 

 

5. Stefani Veljanoska levoВраќање во училишните клупи со нетрпение чека петтоодделенката Стефани Велјаноска од ОУ „Кочо Рацин“.

– Супер ми е распустот. Играм со другарките и со саканите братучеди дојдени од Босна. Улиците вриеја од детска смеа при играњето мижитатара и брканица. Но, одвај чекам повторно да ги видам школските другари и учителката – вели Велјаноска.

 

 

6. Ivana SurladzioskaЗа распустот до Србија “тркнала” Ивана Сурлаџиоска од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.

– Традиција ми е распустот да го врвам на гости кај баба ми во Србија. Максимално ги користам деновите и за дружење, ноќни излегувања и запознавање со сите знаменитости на Кикинда и Нови Сад – вели Сурлаџиоска.

 

 

 

 

 

 

 

7. Filip DukoskiЗимскиот одмор без грижи го минува четврооделенецот Филип Дукоски од ОУ „Климент Охридски“.

– Најголема радост беше првиот снег. Иако кратко траеше, барем малку го искористив за санкање и тркалање по свежо наврнатата белина. Уживав во правењето снешко и “тепање” со снежни топки со другарчињата. Не одминува и овој распуст без играње на компјутер и гледање филмови. Ја прочитав и книгата „Двојната лота“ – додава Дукоски. 

 

 

 

 

 

 

 

8. Stefani SidoroskaЉубовта и гушкањето биле “виновни” за осмоодделенката Стефани Сидороска да има убав зимски распуст, и покрај немањето бела покривка на куќите.

– Распустот е најубав кога куќата мириса на цимет, а јас со книгата в раце. Среќата е поголема, кога времето се минува во смеа и празничен мир и спокој. Неизбежни беа и запознавањето на нови фаци кои станаа дел од мојот живот – вели Сидороска.

 

 

 

 

 

 

9. Elena AngeleskaЕлена Ангелеска од Гимназија, кажува за незаборавните собири и позитивни расположенија во кругот на најблиските.

– Бев неколку дена на поседок кај баба ми. Често излегував со другарките. Понекогаш рекреирав со некои спортски активности. Го посетив Крушево и повеќе цркви и манастири. Во деновите што остануваат ќе се препуштам на дружењата со најблиските – вели Ангелеска.

 

10. Teodora TrajkovskaНа деветтоодделенката Теодора Трајковска од ОУ „Добре Јованоски“ í годи распустот без учење.

– Спијам до доцна и шетам колку што сакам. Би се израдувала доколку уште малку се продолжи зимскиот одмор. Кога “дремев” дома, ги прочитав „Прирачник за воинот на светлината“ и „Љубовта не е за мене“ – кажува Трајковска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

11. Jovana ParapanskaТажна за снег е петтодделенката Јована Парапанска од ОУ „Рампо Левката“.

– На игрите во маалото им немаше крај. Уживав и во прошетките низ украсениот град. Се натажив оти немаше снег, радоста да биде посилна. И тој малку нé израдува и игрите продолжија со поголем жар – вели Парапанска.

 

 

 

 

 

 

 

12. Viktorija TrajkoskaГимназијалката Викторија Трајкоска опуштено чита книги.

– Поминувам без грижи и обврски. Ми годи што не сум ограничена со времето како при школските денови. Ми легна и празничната еуфорија. Ги „совладав“ со ќеф книгите „Мојот господин совршен“, „Како и дали често доаѓате овде“, „Прељуба“, „Предностите на еден молец“ – кажува Трајкоска. 

 

 

 

 

 

 

13. Ivana AdamceskaОпкружена со семејна топлина и љубов го минува почетокот на годината Ивана Адамческа од СОУ „Ѓорче Петров“.

– Уживав во празничните подготовки. Чести и пријатни  беа миговите со семејството, прошетките со пријателите и со моето куче. Ретката осаменост ја освежував со дружење со книгите. Жалам што сé што е убаво, кратко трае – кажува Адамческа.

Loading