НАШАТА УЧИЛНИЦА – НАШИОТ СВЕТ

ОУ „Блаже Конески“

Rabotna atmosfera vo varoskoto ucilisteНема одмор ниту за распустот за наставниците од ОУ „Блаже Конески“. Слободното време максимално го користат за собирање нови сили и совладување нови техники за олесната настава за стартот на второто полугодие. Во реновираното подрачно училиште во Варош околу 25 наставници од одделенска настава, меѓу кои и неколку родители, беа дел од обуката – Нашата училница – нашиот свет, во проектот “Со читање до лидерство”. Во пријатен амбиент, сложно и вредно креираа стимулативна средина за учење, учениците да бидат задоволни и изненадени. За поинтересно катче, при аранжирањето користеа и рециклираа разни отпадни материјали како хартија. Правејќи споредба на традиционална со училница на 21 век, изработуваа хартиени ликови како големо семејство од веселата детска дружина. 

{AG}385/koneski{/AG}

Обуката содржела и неколку практични работилници за совладување нови техники – игри за примена во наставата. Беше впечатливо што и родителите покажаа готовност и поддршка за уредување на  вториот дом на нивните деца.

Loading