БОЖИКЕН РУЧЕК ЗА 500 ДЕЦА

Veseli deca za praznuvanjeto na Hristovoto ragjanjeВкупно 500 деца од Прилеп, Скопје, Охрид, Ресен, Тетово, Битола, Струмица и од други градови се собраа во Прилеп на заедничка трпеза за традиционалниот Божикен ручек. Одбележувајќи една деценија, Детската амбасада – за сите деца во светот им овозможи на децата без родители, на загинатите бранители, со посебни потреби, членови на Детската амбасада и деца од други верски заедници, да се дружат и да го празнуваат Христовото раѓање.

За незаборавната атмосфера и расположение се погрижија децата од хорот Мали ангели, дел од учесниците на фестивалот Ѕвездички и македонскиот финалист на Мој идол, Христијан Тодороски, кој традиционално го слави именденот со детска дружба.

Трпезата ја благослови владиката Петар.

Престижното признание Орден за носител на мирот го доби „Фершпед“ од Скопје, а беа доделени и плакети за пријателите на децата.

Loading