Стефани Петреска
Стефани Петреска од СОУ „Орде Чопела“, за распустот го промовираше првиот роман, „Јас млада, а тој малечко“. Поттик за творештво на 17 годишната писателка е светот пред себе, луѓето кои заборавиле дека книгата е најголемо богатство. Бујната фантазија распослана на 55 страници, а создадена за неполни 20 дена, í донесла и награда да го објави првенчето.
Со перото и хартија се дружи од 12 години.
– Пишувањето ми е омилено хоби. Иако најчесто пишувам цитати за љубовта, мојот роман е поинаков. Го создадов да им се допадне на сите генерации. Нудам нешто несретнато досега – вели Петреска.
И лежи проза, но мерак í е и поезијата, иако, за неа, таа не е толку инспиративна.
Сака да чита разни книги, најмногу психолошки теми, а според неа “цар” е Достоевски.
– Пишувам за да им се допаднат делата на сите. На талентираните млади им порачувам да ја искористат хартијата. Кога говорот е тесен, земете го перото и здружете го со листот да се чувствувате успешни и горди. Упорноста е клучот на успехот. Додека вложувате труд, несвесно го остварувате сонот – додава надежната писателка.
Иако е далеку за писателска кариера, во иднина ќе се стреми да стане успешна авторка, која ќе ја обожуваат сите генерации.
![]()

