ЉУБОВ ЗА ТВРДИТЕ СРЦА

Искрени писма до Дедо Мраз

1. Stefani SidoroskaМил Дедо Мраз, во новата 2016 година сакам да ми исполниш некои поголеми и некои помали желби. Прва е Мартин, момче со даунов синдром, да биде сакан и насмеан секој ден. Никој на светов да не доживее загуба од човек што многу го сака и никој да не тагува. Бездомниците да добијат топол дом и да почувствуваат семејна хармонија. Да нема гладни и боси деца. Луѓето да бидат насмеани, полни со љубов и добрина.

Драг Дедо Мраз, донеси многу љубов за тврдите срца, многу надеж за безнадежните, и многу среќа за тажните. Посакувам сите да бидеме луѓе!

Стефани  Сидороска,

Обршани

 

 

2. Ozgen SulejmanoskiКако  секое дете, Дедо Мраз ќе посакам желба моќна како бесконечноста и со сила на сончевата светлина. Да донесиш мир и здравје насекаде, да успокоиш невини души и да им дадеш сила за добри дела. За мене, посакувам скромен успех во музиката и поголеми искуства во пеењето и свирењето на клавир. Благодарам однапред, од духот на ноќниот спокој полеан во музичките води!

Озген Сулејманоски,

музичко училиште во Битола

 

 

3. Simona PaskoskaСтарецу во црвено со бела брада, моите желби за Нова година најпрво се здравје, љубов и среќа. Најголемата желба за лани ми се исполни. Ја објавив првата стихозбирка. За в година би посакала уште многу успеси и признанија, многу инспирација за нови дела, ,,горката љубов да стане слатка”.

Симона Паскоска,

Гимназија “Мирче Ацев”

 

 

 

 

 

4. Antonio PandovskiДедо Мраз, можеби малку сум “поголем” од другите, но во Новата година покрај стандардните желби, посакувам да најдам девојка, со која ќе се сакаме и ќе делиме заеднички моменти. Сакам и да учествувам на квизот “Сé или нешто” на Сител.

Антонио Пандовски

поранешен ученик во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”

 

 

 

 

5. Eva Taleska

Сите влегуваме во новите години да нí се остварат желбите. Затоа нема неостварлива желба, ако од срце ја посакуваме. Сакам секој човек да биде среќен.

Ева Талеска

ОУ “Гоце Делчев”

 

 

 

 

5. Blagojce MojanoskiЧичко или Дедо во црвено-бело, би сакал следната година да  биде највесела. Љубовта, мирот и здравјето да ги надвладеат омразата, војните и болестите. Да не се троши време во тага за минатото, туку за креирање подобро утре.

Благојче Мојаноски,

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

 

 

 

 

7. Ivana AtanasoskaДраги дедо мраз, како и сите деца, имам барање до тебе. За Нова година посакувам на секој да му донесеш нешто, за мене не барам ништо. Единствено што сакам е сите луѓе да се здрави и среќни, место кавги да слушам само песни, да нема немири и жртви, да има радост наместо мртви.

Ивана

СОУ “Ристе Ристески – Ричко”

 

 

 

 

8. Andrej RisteskiВо новата 2016 година, посакувам да имам поголеми успеси во училиштето, каратето и другите активности. Но пред сé, посакувам добро здравје, среќа, трпение и спокој да вледее во моето семејство.

Андреј Ристески

СОУ “Ѓорче Петров”

Loading