ПРОМОЦИЈА НА ХОРОТ НА БОЖИК

FLAER - HOR Bozik 2016 - v2На Божик, на 7 јануари, во 8 часот на утрената богослужба во соборниот храм Света Петка во Точила ќе настапи црковниот хор. Всушност тоа ќе биде и своевидна промоција на новоформираниот состав кој ја негува исклучиво црковната песна. Составен од повеќето професионални музичари со едуцирани гласови, ќе ја збогатат празничната атмосфера во новоизградениот сакрален објект кој плени со убавината и белиот иконостас од мермер.

Инаку,  хорот го имаше и својот прв јавен настап во киното Мис Стон кога предбожикниот концерт, го посветија на првиот македонски професионален композитор со потекло од Прилеп, Атанас Бадев. Посетителите уживаа во  изведбата на фрагменти од Божествената литургија на Бадев. Беа изведени и други композиции под диригенство на м-р Гоце Секулоски.

Настапот го започнаа со тропарот за Преподобна Маченица Параскева. 

– Се покажа дека формирањето на хорот е добредојден за градот, бидејќи е знак дека на полето на црковната музика се придвижуваат работите, како некогаш кога творел Бадев – вели диригентот м-р Гоце Секулоски.

Настапот е само еден од неколкуте концерти што ќе ги реализира хорот. 

Loading