ОУ „Кочо Рацин“
Сања Цветкоска, ученичка во ОУ „Кочо Рацин“, не само што реди петки во дневникот, туку и се „збогатува“ со медали и пехари како каратистка во категоријата кадетки. Со наследните гени на татко í, изведува подвизи на татамите.
По Државниот натпревар во Скопје, меѓу 15 учесници во категоријата 54 кг., освоила прво место. Тоа било карта за Балканското во Дубровник каде ја претставувала Македонија, во тимот за борби, заедно со Симовска, Гафури и Морина. И оттаму не се вратила со празни раце, туку со бронза и диплома.
Таа е член на КК Спорт 94.