СТАРАТА КОТЛАРНИЦА СТАНУВА ПРОСТОР ЗА ПРАКСА

СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,,

Svecena akademija za patronotЗа 73 годишнината од смртта на револуционерот и борец Ристе Ристески – Ричко, училиштето што го носи неговото име, го празнуваше патронот со многубројни манифестации и свечена програма во театарот. Учениците и професорите положија цвеќе пред споменикот на првиот македонски претседател Методија Андонов – Ченто, на  Могилата на непобедените и Алејата на народните херои.

За патронатот на СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,, се отвори центар за медијација. Тоа е втор центар за решавање на повремените конфликти меѓу учениците.

– Живееме во мултиетничко општество, а центарот ќе послужи за решавање на недоразбирања кои се јавуваат понекогаш меѓу учениците – рече директорот Жарко Темелкоски.

Градоначалникот Марјан Ристески изрази надеж дека ќе се  подобри едукативниот развој на младите.

{AG}383/industrisko{/AG}

– Затао е добредојдено отворањето на ваков центар, посебно на полето на спречувањето на конфликтите, иако и досега немало сериозни недоразбирања и нетолеранција меѓу учениците – рече Ристески.

Пред отворањето на центарот се организираа и обуки за медијатори на професорите и на учениците.

– Важно е да се засили вниманието на ненасилната комуникација, која, за жал, во последно време, сé повеќе и повеќе се заборава –  рече професорката Гордана Јосифоска.

Во училиштето се реконструираат дел од подовите, а поголем зафат е адаптацијата на старата котларница во нови работни училници за изведување практична настава на учениците од машинската, електро-техничката и графичката струка.

Loading