ФРАНЦУСКО-МАКЕДОНСКА БОЖИКНА ВЕЧЕР

Francuski Bozik vo rezija na EkonomskoВкупно 25 ученици од Гимназијата “Мирче Ацев” и СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, како и 35 од ОУ “Гоце Делчев”, заедно со волонтери од Франција и Романија уживаа во неколкучасовна македонско-француска божикна вечер во кафулето Вирус. Необичната дружба вриееше од музички изведби на француски, меѓу кои и “Лепетит гарсон”, додека се густираа македонско-француски јадења и пијалоци. Преку презентации и креативни активности меѓусебно споделија и разменија искуства како се слави Божиќ во Македонија, Франција и Романија.

{AG}383/vecer{/AG}

– Меѓусебно се запознавме и се дружевме со волонтерите. Разменивме искуства за традициите на земјите – вели наставничката Ирена Наумоска.

Во радосната клима дури се пишувале и желби до Дедо Мраз. Изненадувања биле новогодишните подароци добиени на наградната томбола. Програмата била збогатена и со мини-концерт на францускиот волонтер, Јоан Шумахер.

Организатори беа ЕВС волонтерите од Франција и Романија, заедно со НВО СЕГА, ИНФО СЕГА и Младински Совет.

Loading