ПОЛНО НЕБО СО БАЛОНИ

ОУ ,,Кочо Рацин,,

DSC06110За патронатот на ОУ ,,Кочо Рацин,, на небото беа пуштени повеќе од 500 балони, со пораки на македонски, англиски, германски, француски, албански, српски, турски, ромски и други јазици.

– Со пораките се негува надеж дека некој ќе нé разбери и ќе се исполнат желбите за мир, љубов, дружење на сите деца и возрасни – вели наставничката Наташа Кулевска.

{AG}383/koco{/AG}

– На балон напишавме на турски и на српски. Сакаме почесто да пуштаме балони со пораки да завладее тотален мир и да има нула толерација за војни во светот – порачаа учениците.

Годинава се навршува 61 г. од постоењето на ОУ ,,Кочо Рацин,,. По тој повод беа положени букети со свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто и Могилата на непобедените. Се одржа и академија, на која беа доделени благодарници на учениците и на наставниците, кои макотрпно учеле и работеле да постигнат високи резултати.

Loading