СЕ ЦРТАА СВЕТИ НИКОЛА И ХАДИР БАБА

Во Канатларци

GLAVNAA - Znak na prijatelstvo megju direktoriteШест работилници од едукативен, забавен и социјален карактер како дел од проектот за Меѓуетничка интеграција имаа учениците од ОУ “Кирил и Методиј” во селото Канатларци со партнерот, ОУ “Круме Волнароски” од селото Тополчани. Тоа беше и подарок на градот за Свети Никола.

Во дополнителните активности учениците од македонска и од турска етничка заедница станаа едно, а различните етникуми беа поголем поттик за уште порадосна дружба. На учениците ѝм се прикажа и легендата за Свети Никола и Хадир Баба, кои со благодетите го отсликуваат Дедо Мраз, каде насекаде низ светот е познат дека носи добрина, пријателство и ги заштитува децата, студентите, сиромашните, морепловците.

{AG}383/kantlarci{/AG}

Настанот се збогати со презентација на ликовните изработки пред родителите.

Во знак на пријателство, директорот на ОУ “Круме Волнароски”, Дејан Бунтески, на колегата од ОУ “Кирил и Методиј”, Влатко Кузманоски, му подари слика-колаж од цветови, дело на учениците, што е знак на добра волја.

Loading